Калин Ивановски со скок од пет позиции на АТП листата

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, забележа напредок од пет места на најновото издание на АТП листата. Тој е рангиран на 458. позиција со 92 поени откако имаше забележителни резултати минатата седмица.

Ова е втор најдобар ранкинг за Ивановски, кој пред две седмици беше едно место погоре, на 457. позиција.

Инаку, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и натаму е прв на АТП листата со што ја започна својата 383 недела на врвот на светскиот тенис. Ѓоковиќ на првата позиција има 7,240 поени, односно 470 повеќе од второпласираниот Шпанец Карлос Алкараз. Зад водечкото дуо се Норвежанецот Каспер Руд и Русинот Данил Медведев, додека Гркот Стефанос Циципас падна за две позиции и сега е петти.

Шампионот на Мастерсот во Монте Карло, рускиот тенисер Андреј Рубљов и натаму е шести, додека финалистот на овој турнир Дане Холгер Руне напредуваше за две позиции и е седми тенисер во светот. Во Топ 10 се наоѓаат и Италијанецот Јаник Синер, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим и Американецот Тејлор Фриц.

Претходна вестСо „мерцедес“ прегазена 36-годишна скопјанка
Следна вестМаксим Илковски тријумфира и на филмскиот фестивал во Турција