Калин Ивановски во финалето во двојки на фјучрсот во Србија

Mакедонскиот тенисер Калин Ивановски заедно со Олександр Овчаренко обезбеди финале во двојки на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија.

Ивановски и Овчаренко беа подобри од нивните колеги Марк Лајал и Бенјамин Лок со 2-1 во сетови, односно 6-4, 2-6 и 10-6.

Македонскиот тенисер заедно со неговиот соиграч за титулата во Србија ќе се борат против Андреј Чепелев и Микалаи Халак.

Претходна вестАрбен Јашари од Алијанса, нов заменик-директор на БЈБ
Следна вестФФМ ги одреди стадионите домаќини за сите финалиња во Купот