Камерите ќе ги снимаат камерите на улиците?

По цели седум години откако по градските сообраќајници беа поставени камери кои требаше да ги снимаат сообраќајните прекршоци, деновиве пак се слушаат информации дека камерите ќе ги регистрираат таквите возила.
Тогашниот проект кој беше скапо платен не се активира бидејќи недостасувало законското решение со кое можела да биде испратена опомена или казна на оној што е снимен при сторување на сообраќаен прекршок. Камерите, потоа, останаа како украси на бандерите кои се користеа за одредени потреби околу регулација на сообраќајот, но не и за да помагаат во откривање и санкционирање на големиот број на прекршоци кои сообраќајните патроли покрај улиците не може да ги регистрираат.
Ова лошо и скапо платено искуство не треба да се повтори и сега. Односно, поставувањето на камерите мора да биде последен чекор кој ќе следи откако се исполнети сите предуслови за тоа. Дури откако сето тоа правно ќе стапи во сила нека се распишуваат тендери за камерите кои оние кои сакаат средување на дивеењето на скопските улици одвај ги чекаат.
Инаку, зарем камерите ќе ги снимаат постарите камери.