Камион натоварен со хартија изгоре кај Автокоманда

Камион се запалил кај Автокоманда попладнево, на влезот од Скопје, пишува Независен. Видео од пожарот се прошири на социјалните мрежи. Камионот гори во близина на хотелот „Континентал“. На терен интервенира Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, а сообраќајот е отежнат за излез од Скопје.

Од Противпожарната бригада повеќе детали најавуваат за подоцна.

Претходна вестКривична пријава против директор на училиште во Свети Николе
Следна вестOблачно со утринска магла по котлините