Камион падна во провалија меѓу Гостивар и Кичево, возач тешко повреден

Тешка несреќа се случила на патот Гостивар-Кичево откако камион падна во провалија и  се запали пошто возачот е тешко повреден, соопшти полицијата.

Од СВР Тетово информираат дека во 12 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

-Во непосредна близина на Новоселски мост, товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од Скопје, излетало од коловоз, паднало во бездна и се запалило. Возачот на товарното возило е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, а екипи од гостиварската Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот на возилото, соопшти полицијата.

Претходна вестМухамед Зеќири сведочеше против Рашковски: Владата немала одлука да се набави софтвер за сообраќајни прекршоци
Следна вестАко не се набави гас од Србија скопските топлани ќе работат на мазут