Камион се преврте на Качанички пат

Превртен камион е последица од сообраќајна незгода што се случила денеска околу пладне на Качаничкиот пат, односно, „Јадранска магистрала“ во скопската населба Визбегово. Засега, не е познато дали во незгодата има повредени лица.

Товарен камион бил натоварен со земја а истрагата ќе покаже кои се причините за превртувањето. Тој е превртен надвор од коловозната лента поради што не дојде до прекинот на сообраќајот на оваа фреквентна патна делница која води кон граничниот премин Блаце.

Претходна вестДизелот и мазутот од ноќеска поевтинуваат
Следна вестАрсовска: „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ пет години не пријавиле продажба на ниту еден билет