Home АКТУЕЛНО Камионот уништи три кабини и опрема – наплатната рампа кај Кадрифаково нема да профункционира скоро

Камионот уништи три кабини и опрема – наплатната рампа кај Кадрифаково нема да профункционира скоро

0
Камионот уништи три кабини и опрема – наплатната рампа кај Кадрифаково нема да профункционира скоро

Една наплатна кабина е целосно оштетена, две соседни делумно, а уништена е и опрема на наплатната станица Кадрифаково во изградба на автопатот Штип-Миладиновци во сообраќајната несреќа што се случи изутрината откако камион удри во патарината и се преврти.

Според првичните информации на Јавното претпријатие за државни патишта, во незгодата е предизвикана голема материјална штета. Во моментов, стручни екипи на изведувачот вршат проценка на предизвиканата штета, а засега не може да се предвиди за колку време ќе биде пролонгирано нејзиното пуштање во употреба предвидено претходно за почетокот на април годинава.

-Од ударот во кабината предизвикано е оштетување и на опремата на Наплатната станица, односно на самите ленти на кои се поставени наплатните ленти. Конкретно, целосно се оштетени две автоматски бариери – задни рампи, а исто така целосно се оштетени два линиски контролери. Има и оштетувања на друга поставена опрема, како држачи, столпчиња и слично, информираат од ЈП.

Засега не можат да предвидат за колку време ќе се пролонгира пуштањето во употреба на патарината, која беше во завршна фаза на изведување и требаше да биде пуштена во април.

На автопатот Миладиновци-Штип во тек е изградба се две нови патарини, покрај Кадрифаково и таа кај Преод, а требаше да бидат готови до крајот на месецов.