Канческа – Милеска ослободена од обвиненијата за случајот „Тендери“

Ослободена од вината денеска беше поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милеска во судскиот случај „Тендери“ по пресудата изречена во Основниот кривичен суд Скопје. Таа беше првообвинета за  „злоупотреба на службената положба и овластување“во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дел од проектот „Скопје 2014“.

Од вина беа ослободени и Јулијана Угриновска и Лидија Лазарова Цветковска, членови на тогашната Комисија за јавни набавки. Според Судот, обвинителството не докажало надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото.

Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Обвинителството тврдеше дека пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

Претходна вестПриведени три лица кои се бореле за Исламска држава, најдено и оружје
Следна вестТурција ги обвини САД за мешање во изборите: „Бајден стои зад сè“