Капитенот на АЕК нашиот Тричковски, стана рекордер по број на настапи

Иван Тричковски поранешниот македонски репрезентативец е вистинска клубска легенда на АЕК. Тој вчера и официјално стана рекордер по број на настапи во дресот на кипарскиот клуб.

Иван седум години е дел од АЕК и важи за еден од најголемите кои го носеле овој дрес некогаш, особено по вчерашниот настап против Аполон, по кој заслужено се закити со титулата рекордер по број на настапи.

Инаку, од сезоната 2019/2020 во која е прогласен за најдобар стрелец во Кипар, Тричковски ја носи и капитенската лента, а рекордер е и по број на постигнати голови за АЕК во Европа.

Договорот со кипаскиот клуб му истекува во јуни 2024 година.

Претходна вестДаравелски на слобода, настанала апсолутна застареност на кривичното дело
Следна вестИнститутот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ објавува конкурс за најдобар есеј