Скопје е полно со расфлано ѓубре, диви депонии, неискосена трева, искршени знаци, канделабри, споменици, фонтани… Треба ли уште да се набројува?
Проблемот е што голем дел од ваквите аномалии не се отстрануваат туку така остануваат со месеци и го нагрдуваат главниот град на Македонија. Дали градските власти и служби немаат време да постасаат?
Еве им сега осумдесетчасовен полициски час, нема никој да им пречи по улиците и дефинитивно можат да се направат-поправат многу работи. Ова е сосема доволен период за едно брзо и темелни чистење и средување. На пример, за поголемо миење на улиците, за собирање на кабастиот отпад кој го има покрај речиси сите контејнери во градот, на „крпење“ на бројните дупки по сообраќајниците, косење треви, лоцирање на депониите… Работи за кои не треба преголема мобилизација на вработените и која можат да ја завршат неколкуте екипи кои значително не би го нарушувале полицискиот час.
Карантинот не треба да е во сила за градоначалникот Петре Шилегов. Се надеваме тој има дозвола за движење, нека стави маска и нека го разгледа Скопје, нека ги види многуте фалинки, нека ги раздвижи службите…