Реакција на фудбалскиот клуб Карбинци, кој настапува во Третата фудбалска лига – Исток:
-Денеска се играат натпреварите од 8. коло од Третата фудбалска лига Исток, во кое екипата на ОФК Карбинци е слободна. И денешното коло не помина без одложување, одложен е натпреварот помеѓу Брегалница Делчево и Тиверија. Ова е веќе трет одложен натпревар во последните три кола, што секако може да влијае на целото првенство. Уште повеќе што во претходните два случаи одложени беа средби во кои игра екипата на Победа Валандово, претендент за освојување на првото место. Најпрвин тоа беше на средбата со Дојранско Езеро, каде дојранчани барале одложување, а потоа и Победа бараше одложиување на средбата со Хоризонт Турново. Така, во моментов од седум кола, Победа Валандово има одиграно само 4 натпревари, а Хоризонт Турново само 5. Простор за калкулации колку сакате.
Не дека одложување не е дозволено, павилниците тоа го дозволуваат под одредени услови. Раководството на Третата фудбалска лига Исток секако најдобро знае зошто донело такви одлуки, дали имало 5, 10, 15 болни играчи од некоја екипа, дали се доставени докази, боледување, потврди од лекар. Интересно е дека засега нема никаква најава кога би се играле овие заостанати средби, а со оглед на условите, на останатите редвни кола, прашање е кога би се нашле термини. Некои толкувања се дека овие одложени средби треба да се одиграат до почетокот на пролетниот дел од првенството, но факт е дека Третата лига Исток треба што побргу да излезе со одлука за термините за одгрување на тие натпревари.
Неофицијално се говори дека всушнопст дел од одложувањата не се поради никаква болест на играчи, туку од едноставна причина што некој клуб сфатил дека не може да ги обезбеди сите играчи во одредена ситуација, поради нивни обврски.Но, распоредот за првенството се знае уште во август, точно се знаеше кои се термините, и условите се исти за сите екипи. Што ако половина екипи обараат одложување?
Кога некој влегува во одредено првенство, се спогласува да настапувам треба да има одредено ниво на одговорност да одговори на предвидените обврски, термини за натпревари…. На раководството на Третата лига Исток е да не дозволи целото првенство да се претвори во фарса.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



