Каровски и „Магијата на Шопен“ во четврток во Филхармонија

На 2 декември, со почеток во 20 часот во големата сала на Филхармонија, концерт ќе одржи пијанистот Кристијан Каровски. „Магијата на Шопен“ е насловот на концертниот рецитал, а ќе бидат изведени дела од истоимениот пијанист.

Концертната дејност на Каровски започнува на 9 годишна возраст со изведба на сериозни дела од литературата за пијано. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари.

Критичарите ќе речат дека сите негови концертни настапи се одликуваат со зрелост и оргиналност во музичкиот израз. Во повеќегодишната педагошка дејност Каровски се афирмира и како истакнат пијано педагог.

Претходна вестКолку фабрики за кеси ќе стават клуч на врата од утре?
Следна вестСо мојот есеј стасав до „бронза“ во Јапонија иако имаше 28.217 натпреварувачи