Католички свештеник од Риека одбил да крсти дете на хомосексуална двојка

Католички свештеник во Хрватска не сакал да крсти бебе. Имено, свештеникот Кристијан Зеба од Риека одбил да крсти дете зачнато со вештачко оплодување на женска хомосексуална двојка. Од Риечката архиепископија се уште не се изјасниле.

Свештеникот сметал дека таквиот чин е против црковното учење и дека детето нема да биде воспитувано во духот на католичката вера. Аргументот на свештеникот е дека хомосексуалната двојка е веќе во грев, бидејќи живее во спротивност со учењето на Католичката црква.

-Ние самите добро знаеме дека учењето на Католичката црква е дека бракот се состои исклучиво од маж и жена, се друго е неприфатливо, вели Зеба, пренесе загрепската телевизија N1.

Свештеникот за се ги информирал верниците на Фејсбук и предупредил дека нема навреда.

-Совеста ми е целосно чиста и мислам дека тоа е единствената вистинска работа за мене, посочува Зеба.

Теологот Зоран Грозданов не се согласува со Зеба во многу аспекти. Тој смета дека Црквата не е збир на правила исклучиво за морално достојни луѓе, пренесува Макфакс.

-Во теолошка смисла, мислам дека токму тука се јавува моралистичката конфузија што е многу присутна во христијанството во последните години, особено во Хрватска. Имено, крштевањето како тајна е дар, а за да биде подарок мора да биде незаслужен, тоа значи дека не зависи од предиспозицијата на оној што го прима, па ни неговите родители, вели Грозданов.

Претходна вестДржавните ревизори изразуваат резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ
Следна вестЗагина пешак на скопската обиколница