Казина во тетовско примале гости без сертификати за вакцинација

Полициски службеници од СВР Тетово во соработка со Државниот пазарен инспекторат, синоќа во периодот од 22 до 3 часот по полноќ спровеле акциска контрола со која биле опфатени 4 угостителски објекти на тетовското и 24 угостителски објекти на гостиварското подрачје.

Како што информираат од МВР, при контролата во две казина на тетовското подрачје биле затекнати 5 лица кои не поседувале сертификати за примена вакцина против Ковид-19, потоа еден малолетник и едно лице кај кого бил пронајден и одземен нож.

На затекнатите лица како и на објектите во кои се затекнати ќе им бидат изготвени соодветни пријави.

Покрај ова, пријава ќе биде поднесена и за угостителски објект во гостиварското село Врапчиште каде било утврдено дека не се почитувале протоколите за работа.

Претходна вестДо 24 јануари задолжителен негативен тест за влез во Грција
Следна вестРегистрирани 1.396 нови случаи на коронавирус, починаа 9 лица