30 возачи на автобуси од кои 12 возеле без возачка дозвола се казнети, а едно малолетно лице е приведено за време на вчерашната тричасовна полициска контрола на територијата на Македонија на возила кои вршат јавен превоз на ученици и контрола на средношколци пред влегување во училишта, угостителски објекти и игри на среќа во непосредна близина на училиштата.
– Во текот на вчерашниот ден во периодот од 06 до 10 часот наутро, на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици и преглед на средношколци пред влегување во училишта, угостителски објекти и игри на среќа во непосредна близина на училиштата. При контролата приведено е едно малолетно лице од Скопје по Закон за оружје член 80 став 3, кај кого е пронајден електро шок. Додека пак при контролата санкционирани се 30 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, од кои 12 возеле без возачка дозвола, соопштуваат од МВР.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома се најавени и во текот на наредните денови.