Во рамки на сообраќајните контроли на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки.
-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола и три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се и пет мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.