Казнети 158 возачи во Скопје, 42 од нив возеле пребрзо

Вчера на територијата на град Скопје биле казнети 158 возачи. Од кои 42-ца за пребрзо возење.

– Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои 42 за непочитување на брзината на движење, 14 за возење без возачка дозвола, 8 мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор, четири мерки за некористење на сигурносен појас, информираат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестГолем пожар во Белград, гори кинески трговски центар
Следна вестУапсено младо момче, во неговото возило биле пронајдени седум мигранти