Казнети 164 возачи во Скопје, од кои 82 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречена е вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 82, шест санкции за возење без возачка дозвола, седум санкционирани мотоциклисти.
Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, исто толку за непрописно престигнување и обиколување и 31 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходна вестЗа несовесните возачи мора да има посебен третман по одземањето на возачките дозволи
Следна вест22 прекршувања на забраната за движење, 657 казни за неносење маска