При полициска контрола на скопските улици повторно се забележани голем број прекршоци. Казнети се 149 возачи, а дури 19 од нив возеле пијани.
– На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 149 мерки. Од нив 64 за возење со брзина над дозволената, 11 за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се и три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за нерегистрирани возила, четворица возачи не носеле сигурносен појас, известува МВР.
Оттаму повторно со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи зсе со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.