На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 196 мерки, меѓу кои и 25 за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР.
За возење повеќе од дозволената брзина имало 42 санкции.
-Изречени се и 16 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник, 10 за нерегистрирани и технички неисправни возила…, се наведува во соопштението
Засилените акциски контроли продолжуваат.