Казнети 202 лица, не ги почитувале сообраќајните правила и прописи

На скопските улици во текот на вчерашниот ден се забележани голем број на сообраќајни прекршоци. При сообраќајна контрола изречени се 202 мерки.

– Секторот за внатрешни работи Скопје, во текот на вчерашниот ден изрече вкупно 202 мерки на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи. 39 мерки се изречени за возење повеќе од дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се и седум мерки за користење мобилен телефон при возење, седум за возење без сигурносен појас, седум за непрописно престројување на возила, четири санкции за минување на затворен сигнал -црвено светло, четири за возач почетник…, се вели во извештајот од МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Претходна вестИсчезнат маж пронајден во телото на ајкула
Следна вестМаалско куче убиено со огнено оружје среде Карпош