Казнети 219 возачи, секој трет возел пребрзо

На територија на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли.

Имало и 14 мерки за возење без возачка дозвола и девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

-Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, се наведува во информацијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестНа архимандритот Никодим Царкњас му го искршиле автомобилот во нападот во Соботско
Следна вестРегистарските таблички не треба да се менуваат, власта да најде други решенија