Казнети 245 возачи кои возеле пребрзо, 157 од нив во населено место

При акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден биле изречени 245 мерки. Четиринаесет возила се движеле 50 километри на час повеќе од дозволеното.

– Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 245 возачи, од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 157 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 88 надвор од населено место, се вели во известувањето на МВР.

Најавени се сообраќајни контроли и во следните денови. Од МВР апелираат  сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните прописи.

Претходна вестМалолетник нападнал со нож друг малолетник
Следна вестРоверот на НАСА успеа да го сними првото зајдисонце на Марс