Казнети 246 возачи во Скопје, 42 за брзо возење, 11 за возење без дозвола…

Во рамки на акциските контроли од областа на сообраќајот полицијата вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 246 мерки, соопшти МВР за вчерашните контроли.

-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, како и 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, се наведува во информацијата.

Изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.

Претходна вестПриведени разбојници кои нападнале малолетници во Петровец
Следна вестЃоковиќ доби забрана за влез во САД, нема да игра на мастерсите во Индијан Велс и во Мајами