Казнети 248 возачи, 58 од нив возеле пребрзо

248 казни се изречени во текот на вчерашниот ден во Скопје, на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи. 58 од нив биле санкционирани поради пребрзо возење.

– При сообраќајна контрола од полицијата од СВР Скопје во текот на вчерашниот ден биле казнети 248 возачи, меѓу кои 58 поради возење со брзина поголема од дозволената, десет мерки за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 19 мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за возење без сигурносен појас, десет мерки за минување на затворен сигнал -црвено светло, се вели во соопштението од  МВР.

Оттаму велат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Претходна вестПрокисна покривот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
Следна вестДимитриевски: Куманово собра 400 милиони денари приходи, Арачиново нула и доби 600 илјади евра од државата