Казнети 277 возачи во Скопје, секој трет возел пребрзо

Вкупно 277 возачи вчера биле санкционирани од страна на полицијата за време на контролите на скопските сообраќајници. Најмногу од нив биле за возење со брзина поголема од дозволената.

– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден изрече вкупно 227 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за непрописно престројување, три мерки за возење под дејство на алкохол,  пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возач почетник, три санкции за користење мобилен телефон за време на возење… се вели во соопштението од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестИзвештај на Стејт департмент: Владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност
Следна вестСхинас: ЕУ не беше секогаш фер кон С. Македонија