Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 334 мерки, меѓу кои и 37 мерки за користење на мобилен телефон при возењето, соопшти денеска МВР за вчерашните полицски контролина скопските сообраќајници.
Озвен ова, изречени се и 32 мерки за возење без возачка дозвола, 26 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 4 санкции за управување под дејство на алкохол.
-Изречени се 6 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 20 санкционирани пешаци, 64 мерки за непрописно паркирање и 43 подигнати возила со „пајак“, а за неносење на заштитнамаска изречени се 18 санкции, наведува МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.