Казнети 78 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола

Во периодот од 9 до 14 часот, денеска, на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 78 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, 72 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а шест надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

МИА

Претходна вестУтре без струја делови на Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров
Следна вестМакедонија убедливо го совлада Мароко