Скротени над 160 возачи вчера во Скопје

Сообраќајната некултура и насилие продолжува. Но продолжува и контролата на полицијата. Вчера, во периодот од 6 часот наутро, до 12 на часот на полноќ, полицијата казнила повеќе од 160 возачи по скопските улици. Од нив 22 се санкционирани бидејќи ја пречекориле брзината на движење. А издадени се и 49 т.н. останати прекршоци за кои, како што информираат од МВР, издадени се 21 мандатен платен налог и 28 прекршочни платни налози.

Акцијата на „ловење“ непочитувачи на сообраќајните правила продолжила и во текот на ноќта. Санкционирани се 16 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 25 останати прекршоци за кои се издадени осум мандатни платни налози и 17 прекршочни платни налози.

И моторџиите не куртулија, иако во значително помал број отколку во текот на летото. Казнети се четворица, а откриени се и 52 останати прекршоци за кои се издадени 33 мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.