Казни за 136 возачи, петмина поминале на црвено, седуммина не давале првенство на минување…

Нови 136 казни за најразлични прекршоци вчера изрекла полицијата при редовните контроли на скопските сообраќајници. Пребрзо возење, поминување на црвен сигнал, непочитување на првенство на минување, возење без дозвола… беа најчести прекршоци.

-Вкупно 136 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Од нив за возење повеќе од дозволената брзина се 11 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за непочитување на првенство на минување, соопшти МВР.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.

 

 

Претходна вестВооружен маж уби десетина луѓе во супермаркет во Вирџинија
Следна вестБраво за гестот: Бруно Фернандеш од Катар со честитка ФК Вардар