Казни за 140 возачи, шестмина поминале на црвено светло

На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои имаше и шест мерки за минување на црвено светло, соопшти денеска МВР за вчерашнит еконтроли на скопските сообрќајници.

Имало и 22 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 17 мерки за возење без возачка дозвола и 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

-Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за некористење на сигурен појас…, соопшти полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупредуваат од МВР.

Претходна вестСончево и топло, попладне изолирана појава на пороен дожд и грмежи
Следна вестЗавршија антикризните мерки, се зголемуваат цените на лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, оризот…