Казни за 142 пребрзи возачи на Скопје-Гевгелија и Градско-Прилеп

Вкупно 142 возачи вчера биле казнети поради пребрзо возење на автопатот Скопје-Гевгелија и магистрален пат Градско-Прилеп во рамките на полициските контроли.

-Од нив, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила за движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, се наведува во информацијата на МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението.

Претходна вестПописот се одложи за септемеври, разликите околу попишувањето на дијаспората останаа
Следна вестВо Скопје за 24 часа хоспитализирани 103 ковид-пациенти, вкупно се лекуваaт 685