Казни за 149 возачи во Скопје, 13 биле пијани…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои и 13 санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли.

За возење повеќе од дозволената брзина шест санкции и 11 мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се 12 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон…, се наведува во информацијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, укажува МВР.

Претходна вестНаутро магливо, попладне сончево со малку облаци
Следна вестСкопје пак меѓу најзагадените градови во светот, утринава на 7 место