Казни за 182 возачи, 20 возеле без дозвола, 10 поминале на црвено…

Возењето без возачка дозвола станува се почест прекршок што се прави по скопските сообраќајници. И вчера, како во изминатове денови, полицијата откри поголем број на граѓани кои седнала зад управувачот на автомобилот без притоа да имаат возачка дозвола. Казна за овој прекршок вчера била изречена на 20 лица.

Инаку, вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции.

-Имало и 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за користење мобилен телефон…, се наведува во соопштението на МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

 

Претходна вестСончево со умерена облачност, во западните делови локален дожд
Следна вестПроруските власти во Луганск, Запорожје и Херсон тврдат дека успеал референдумот за спојување со Русија