Казни за 501 граѓанин заради неносење маски

Вкупно 501 граѓанин во изминатово деноноќие направил прекрошок со неносење на заштитни маски, информира денеска МВР. Казна за ваков вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19, се наведува во соопштението на МВР

Претходна вестГранати, ракетни фрлачи, оружје и муниција најдени во струшко помеѓу Франгово и Калишта
Следна вестСончево со слаб ветер, стабилно до крајот на викендот