Ќе ги броиме случаите на малолетнички инциденти, или ќе се преземе нешто?

Расте насилството меѓу малолетниците. Вчера мајка на 16-годишно девојче пријавила дека нејзината ќерка била физички нападната од страна на две нејзини врснички. Инцидентот се случил на булеварот „Партизански Одреди“.
Полицијата, вели, презема мерки за расчистување на случајот, но дали и како превентивно делува, одговор нема.
Освен што задачата на полицијата е да го расветли инцидентот, треба и да го спречи, односно превенира. И не само полицијата, туку и сите други надлежни, најповеќе родителите и училиштата.
Ова е втор инцидент меѓу малолетници за само три дена. Завчера во Чаир еден малолетник нападна друг и тоа го прободел со остар предмет. Повреденото момче заврши во болница.
Ќе ги броиме случаите или ќе се преземе нешто?