Ќе го прифати ли Владата предлогот на Комисијата за укинување на полицискиот час?

Укинување на полицискиот час, отворање за работа на угостителските објекти и на граничните премини, е предлогот кој денеска го утврдила Комисијата за заразни болести, а за кој ќе решава Владата на попладневната седница.

Според предлогот, што го објавува агенцијата „Макфакс“ угостителските објекти би требало да започна со работа уште во текот на неделава со запазување на протоколите за заштита од корона вирусот. Односно да се прецизира по кои критериуми ќе се отворат кафеаните во однос на ограничувањето на бројот на посетителите, растојание помеѓу масите или можност да функционира само терсата или летната бавча на објектите.

Владата, исто така, вечерва треба да реши дали и кога би престанал да важи полицискиот час.

Во веста на агенцијата се потсетува дека министерот за здравство, Венко Филипче, вчера посочи дека фотографиите и прилозите во медиумите се загрижувачки бидејќи апелите да нема масовни собирања, почитување на препорачаната дистанца и ограничувањето на движењето, не се почитувале.

Премиерот Оливер Спасовски денеска во Штип изјави дека во наредниот период треба да се очекува одлука за отворање на границите.

– Се разговара и со соседните земји, како и со земјите од ЕУ за отворање на границите. Во наредниот период треба да се чека една таква одлука за отворање на границите, билатерални соработки, реципроцитет. До крајот на неделата ќе се направи проценка дали ќе се укине вонредната состојба која завршува во сабота, рече тој.

Претходна вестСкок на цената на бензините
Следна вестВо Словенија и Хрватска нема нови случаи на заразени од корона вирусот