Ќе има пренасочување на сообраќајот во Центар

Поради снимање реклама ќе биде пренасочен сообраќајот во центарот на Скопје. Имено, денеска и утре во периодот од 19 до 6 часот, поради снимање на рекламен спот од „Пигменто студио“ од Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Полицијата соопшти дека снимањето ќе се врши на дел од булеварот „Гоце Делчев“ од крстосница со улицата „Лазар Личеноски“ до крстосница со булеварот „Филип Македонски“ (00:30 – 04:00 часот), дел од улицата „Димитрија Чуповски“ од крстосница со булеварот „Даме Груев“ до крстосница со улицата „11-ти Октомври“ (23:30 – 01:00 часот), дел од булеварот „Св. Кирил и Методиј“ од крстосница со булеварот „Кочо Рацин“ до влез во ТЦ Рамстор (00:30 – 04:00 часот) и дел од булеварот „Јане Сандански“ од крстосница со булевар „Србија“ до влез во ТЦ Капитол (02:00 – 04:00 часот). За таа цел, како што велат од МВР, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.