Ќе има ли постапки за директори на АВРМ за трошењето пари од касата без усул?

Државниот завод за ревизија во извештајот за 2020 година открил дека во Агенцијата за вработување никој не водел евиденција кој, колку, каде и зошто ги вози службените возила. Се точел бензин, се плаќале патни трошоци и разно разни други давачки од касата на Агенцијата, но никој не контролирал. Ама не е скандалозно само ова, туку ревизорите регистрирале и слабости во системот за наплата на социјална помош.

-Утврдени се слабости во системот на внатрешни контроли во процесот на набавка, прием, издавање и евидентирање на залихите на материјали, процесот на евиденција на горивото за моторните возила и процесот на исплата на средства за активни програми и мерки за вработување, се вели во извештајот.

Ревизорите го вперуваат прстот кон двајца луѓе: Поранешната директорка и актуелниот прв човек на агенцијата. Но клучното прашање сега е дали ќе има соодветни постапки кон нив или и овој скандал ќе заврши како мнозинството претходно поврзани со функционери од власта? Голем дел од нив само се разрешени од функциите, но кривична одговорност никогаш не сносија.

Од Агенцијата им се правдале на ревизорите дека огромните суми биле направени заради тоа што им било многу полесно сами, од централата, да си ги завршат обврските низ внатрешноста на Македонија, без разлика што во речиси секој град има подружници на АВРМ. Дали ова ќе биде прифатено како причина или оправдување за да се забошоти случајот?

Ќе се појави ли вицепремиерот за корупција Љупчо Николовски да бара разрешување на некои лица од раководството на АВРМ, да поднесе соодветни пријави за одговорност?

Време е властите да покажат барем стремеж за бидување праведно и системски здраво општество.

Претходна вестБез вода утре дел од Маџари и Сингелиќ
Следна вест„Случајот Макавеев“ и „Чекајќи го Хандке“ премиерно вечерва во Кинотека на Македонија