Ќе останат ли без цвеќарите продавачите на цветниот пазар?

Неизвесна е судбината на луѓето кои со години наназад ги држат куќарќите на цветниот пазар, оти од 6 јули Паркови и зеленило го објави огласот за нивно издавање под закуп, на кој по пат на усно наддавање можат да учествуваат сите правни лица. Денеска се кренаа на протест, стравуваат дека местото кое тие го разработеле сега сакаат да им го земат. Бараат да се одложи лицитацијата и да се најде друго решение, односно компромис.
Од Паркови и зеленило денеска не објасниле пред новинарите што точно се случува и каква ќе биде судбината на цвеќарите. Едноставно одбиле да дадат изјава со образложение дека новинарите не се најавиле претходно.
За сега останува неизвесно дали продавачите на цветен пазар ќе останат без куќарките во кои работеа 9 години, или таму ќе се дозволи да се вселат нови „станари“?