Ќе се разрешува Мизрахи, ќе се расправа за законот за ЈО…

Парламентарците наместо да се распуштат, како што се очекуваше, се разработија. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за денеска закажа седница за предлогот за разрешување на министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Оваа точка на дневен ред ја побара премиерот Оливер Спасовски, со образложение дека Мизрахи го крши Уставот со тоа што не го почитува уставното име и во јавноста. Министерката пак реше дека не очекува да биде разрешена.

Прв разрешување на министерката побара нејзиниот колега министерот Никола Димитров кој оценил дека Мизрахи дејствува неуставно оти една недела одбива да се појави јавно пред паното со новото име на државата.

Исто така за денеска се очекува и расправа за законот за Јавното обвинителство, откако вчерашната седница беше прекината. За оваа точка СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат целосно спротивставени ставови. Законот, за да биде изгласан, потребно е да добие поддршка од најмалку 80 пратеници.

Според најновиот план, во недела во 12:00 часот треба да се гласа за одлуката за распуштање на Собранието.