Никој не ги казни разбојниците па тие се „вежбаа“ на летниковец во Гази Баба

Искршен летниковец, уништен простор за релаксација и починка од прошетката низ Парк шумата Гази Баба – ваква слика начекале вработените во чуварската служба на јавното претпријатие „Паркови и Зеленило” кога вчера утро стигнале на работните места. Фотографијата за кусо време осамна на социјалните мрежи.

Но, за исто толку кусо време веројатно ќе се најдеше и виновникот ако имаше чуварски служби кои цела ноќ би ја надгледувале шумата. Секако и ако полицијата е малку поревносна. Се разбира вината за уништениот летниковец не е само во тоа што не е добро чуван, туку во неодговорноста на граѓаните и безобразлукот до степен да ги уништуваме работите без никаква причина.

Затоа се неопходни казни. Високи и загарантирани, за секој оној што ќе посегне по уништување на уредените простори за релаксација и одмор. За да бидат изречени треба докази дека тоа се случило. Затоа се неопходни ноќни чуварски служби.

Ова не е прв пат некој вандалски да се однесува и да ја уништува Парк шумата Гази Баба. Жителите од околните згради пред некое време фотографираа камион кој растовараше песок за правење паркинг за товарни возила во заштитеното подрачје, иако е забрането. Да не беа граѓаните од повисоките згради, веројатно до сега паркингот ќе никнеше и никој жив не ќе можеше да го отстрани. Сите надлежни ќе си ја префрлаат топката- но ништо нема да се реши. Затоа е неопходно ловење на штетниците, а надлежните најмалку што може да направат е да постават чувар ноќна смена.

Претходна вестПаркирајќи се во дворот го прегазил сопственото двегодишно дете во Сарај
Следна вестШто и кажал Ден Дончев на полицијата? Што ќе преземе обвинителството?