Ќе се соберат ли над 4.030 луѓе за гинисовата елка на плоштадот?

Скопјани денеска ќе се обидат да ја прават најголемата елка од луѓе за Гинис. Имено, Плоштадот „Македонија“ во 13 часот ќе биде местото каде што скопјани ќе се обидат да постават нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе.

Формирањето новогодишна елка од луѓе е дел од програмата на „Винтерленд“. Настанот ќе биде збогатен со музичко- забавна програма.

Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници. Денеска и Скопје ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекорди.