Ќе се вразумат ли: Полицијата казни 30 пешаци во Скопје

Вкупно триесет пешаци во изминатово деноноќие биле казнети од страна на полицијата поради направените сообраќајни прекршоци. Пешаците често не се придржуваат до сообраќајни правила и прописи при што најчесто поминуваат улици на неодбележан сообраќаен премин.

Но, не се само пешаците несериозни и невнимателни.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 29, девет санкции за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се седум санкции за користење на мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 50 мерки за непрописно паркирани возила, соопшти МВР.

Полицијата уверува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. 

Претходна вестСо „Совршената дадилка“ стартува манифестацијата „Месец на Франкофонијата“
Следна вестЗа „Фридом хаус“ Македонија е делумно слободна земја, корупцијата е сериозен проблем