Ќе спречат ли жителите на Гази Баба нова еколошка катастрофа?

На жителите на Гази Баба собираат петиција на социјалните мрежи што имаат намера да ја достават до градоначалникот Борис Геориевски со цел да се спречи како што велат нова еколошка катастрофа во општината. До овој момент е потпишана од околу 1000 лица, а ја поддржаа и локални иницијативи меѓу кои и „Зелените од Гази Баба“.

Луѓето стравуваат дека наместо да се намали индустријата и технолошките процеси кои го загрозуваат кввалитетот на храната и животот, со новите детални урбанистички планови кои треба да се донесат ќе се создадат услови за термички, физичко-хемиски и хемиски третман на неопасен отпад. Без разлика што е нагласено „неопасен“ никој не знае за што се работи, а граѓаните и немаат доверба во системот и ветувањата.

-Ова претставува голема површина и потенцијална зона на загадување. За каков отпад станува збор не се знае?, пишува во дописот за петицијата.

Но ова не е најстрашното. Главниот проблем, како што е наведено во дописот со име „Стопирање на потенцијална еколошка катастрофа“, е донесувањето на 3 ДУП-ови за комплексот фабрика Железара.
-Согласно ГУП на Град Скопје основната намена е Г-производство, тешка и лесна индустрија. Со нив се зафаќаат нови празни површини за парцели, површините за градење се огромни, па наместо да се намали индустријата и технолошките поцеси кои го загроуваат квалитетот на животната средина во Градот, со овие планови само се зголемуваат проблемите и се отвараат нови врати за процеси кои се опасни по здравјето на луѓето и животната средина, се вели во петицијата.

Инаку денеска на пладне, во точно 12 часот е организирана јавна презентација на ДУП-от за градска четврт С17 блок 02, С17 блок03 и С17 блок 04.

Писмото со петиција завршува со пораката дека ако ова помине, нема да бидат загрозени животите и средината само на жителите на населбите Железара, Бутел, Автокоманда и населените места над Обиколницата, туку целиот град Скопје и животинскиот свет кој е населен на таа зелена површина.
-Бараме чист воздух и чиста околина! Бараме здравје!, порачуваат жителите, а дали ќе се избоксуваат за сето ова зависи од волјата на локалната власт до која наскоро ќе стигне петицијата и собраните потписи.

Претходна вестУтре променливо со дожд, од четврток повторно сончево
Следна вестИзложба на Исмане Мехди од денеска во КИЦ