Ќе тргне ли на поарно со новиот в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“?

Бобан Црничиќ, кој досега работеше во правниот сектор, е новиот в.д. директор на јавното претпријатие „Улици и патишта“. Ова назначување денеска го направи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој завчера го разреши досегашниот директор Сенад Смаиловиќ.

Смаиловиќ како што беше соопштено од медиумите е разрешен откако во саботата полициски службеници од полициската станица-Струга го лишиле од слобода затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.

Останува да се види колку на скопјани ќе им тргне на поарно со новиот директор. Колку од раскопаните и оштетени улици ќе бидат направени…

Претходна вестНа улица за 300 луѓе сега живеат 3.000, може ли вакво Скопје да издржи 800.000 жители?
Следна вестДвајца починати, 130 новозаразени и 152 оздравени пациенти од вирусот