Кели Озборн се најде во центарот на вниманието по појавувањето на доделувањето на Brit Awards во Лондон, каде што присуствуваше заедно со својата мајка Шерон, по повод постхумното признание за Ози Озборн.
41-годишната пејачка и ријалити ѕвезда се појави видливо ослабена, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Дел од коментарите сугерираа дека претерала со лекот Оземпик, кој последниве години често се споменува во контекст на брзо слабеење.
По лавината критики за нејзиниот „испиен“ изглед, Кели се огласи на Инстаграм, испраќајќи директна порака до оние што ја осудуваат.
„Постои посебен вид на суровост кога повредувате некого што очигледно минува низ нешто. Ме клоцате додека сум падната и ја претворате мојата болка во озборување. Нема да дозволам да бидам дехуманизирана на таков начин“, напиша таа.

Озборн истакна дека моментално поминува низ тежок животен период и дека нејзината трансформација нема врска со Оземпик, туку со личната болка и тагата по загубата на својот татко.
Нејзиниот изглед веќе извесно време е предмет на јавни коментари, но овојпат реакцијата беше поинтензивна. Случајот повторно го отвори прашањето за границите на јавната критика и за притисокот што го носи славата во ерата на социјалните мрежи.




