Темен режим Режим на светлина

Киелце без Сичко доаѓа кај Еурофарм Пелистер во Битола

Полски Кјелце ќе биде следен ривал на битолски Еурофарм Пелистер во ракометната Лига на шампиони, а еден од првотимците доживеа повреда на последниот натпревар за полскиот ракометен гигант.

Левиот бек на Киелце, Симон Сичко, го повреди зглобот на последниот дуел од Лигата на шампионите против ПИК Сегед каде го напушти теренот во 46. минута и повеќе не се врати на дуелот.

Отсуството на Сичко беше голем проблем за Киелце на овој натпревар. Првичните прогнози не се охрабрувачки, но од медицинскиот тим на полскиот тим најавуваат дека ќе направат се за да го вратат играчот во игра за следниот меч од Лигата на шампионите. Следните прегледи на Сичко се во следниот дел од денот.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и полски Киелце се игра на 25 октомври во „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток од 20:45 часот. Македонскиот првак досега нема освоени бодови во Лигата на шампионите

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено

Следна објава
Со неколку клика до билет, нова дигитална услуга на ЈСП

ЈСП во понеделник по неделен возен ред