Кино на трева од утре до 27 јули пред МКЦ

Од 23 до 27 јули, во паркот на МКЦ ќе се одржат бесплатни филмски вечери во соработка со кино Милениум. Ова е прво издание на т.н. Кино на трева, а ќе се емитуваат вкупно пет филмови.
Организаторите најавуваат дека за сите филмови ќе биде обезбеден превод на македонски јазик, седењето е оставено да си го организираат посетителите- дали на трева или ќе си понесат столчиња.
Репертоарот е следен:
23. јули (вторник) COLD WAR | режија: Pawel Pawlikowski
24. јули (среда) DOGMAN | режија: Matteo Garrone
25. јули (четврток) LORO | режија: Paolo Sorrentino
26. јули (петок) ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ | режија: Данило и Раде Шербеџија
27. јули (сабота) BORDER | режија: Ali Abbasi