Кисела Вода доби модерен пазар од затворен тип

Пазар од затворен тип од денеска е отворен во скопската општина Кисела Вода на местото каде што порано постоел див пазар кој не ги исполнувал санитарните и хигиенски услови. Новото решение е изведено по сите современи, модерни и безбедносни стандарди и воедно а се наоѓа на просторот во кој се наоѓаат и паркот „Македонија“ и Домот на култура ,,Билјана Беличанец”.

-Денес, на помалку од 100 дена од отпочнувањето на градежните активности, го отвораме првиот пазар од затворен тип на своја територија. Реализацијата на овој проект беше голема потреба за мојот народ кој триесет години чекаше на достоинствени и современи услови за купување, но и за пласман на земјоделски и градинарски производи, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој се заблагодари на Министерството за локална самоуправа за финансиско учество и партнерство со Кисела вода во реализацијата на овој проект.

-Наскоро ќе започне изградба на уште еден современ затворен пазар во населбата Драчево. Продолжуваме да ја унапредуваме и развиваме нашата Кисела Вода, бидејќи тоа го заслужуваат моите сограѓани, наведе Ѓорѓиевски.

Претходна вестЃоковиќ пред една година го депортираа како криминалец, а сега му посакуваат добредојде
Следна вестАлијансата бара повлекување на учебникот по албански јазик, ДУИ влегла во лекција за кратенките